Во Турција од работа се отпуштени повеќе од 30.000 полицајци за поврзаност со пучот во 2016 година

Во Турција од работа се отпуштени повеќе од 30.000 полицајци во рамки на борбата против организацијата на проповедникот Фетула Ѓулен, која турските власти ја сметаат за одговорна за обидот за пуч во 2016 година.

Информацијата денеска ја потврди претседателот на Големото Народно собрание Мустафа Шентоп, кој зборуваше на церемонијата на доделување дипломи на новите полицајци  на Полициската академија, при што изјави дека дури третина од отпуштените биле високи полициски службеници.

-Дури 1.866 полициски службеници се отстранети од должност заради истраги што се водат за нив, рече Шентоп.

Тој истакна и дека 10.311 службеници се вратени на работа, откако не биле пронајдени докази кои ги потврдуваат наводите на сомнежот за вмешаност во ФЕТО.

Претседателот на турскиот Парламент потсети дека имало обиди на групи за инфилтрирање во Полициската академија што траеле уште од осумдесетите години на минатиот век.

Шентоп ја повтори клучната улога што Полициската академија ја игра во оддржувањето на сигурноста и мирот не само на национално, туку и на меѓународно ниво, обучувајќи полициски сили од 76 земји од светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e