Во Русија уапсени околу илјада луѓе на протестите против пензиската реформа

Руската полиција вчера уапсила околу илјада луѓе кои учествувале на протестите против непопуларната пензиска реформа. Најмногу упасени имало во Санкт Петербург и во Екатеринбург каде што на повик на рускиот опозициски лидер Алаксеј Навални кој се наоѓа во затвор се одржаа протести. Руските власти се соочуваат со незадоволство од граѓаните поради поместувањето на старосната граница за заминување во пензија. Според предлогот, мажите наместо како досега со 60 години, во пензија мора да заминуваат со 65 години додека жените наместо на 55 на 63 години. Во Русија старосната граница за заминување во пензија не е променета од 1932 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e