Во последните 48 часа во Сирија загинаа над 100 лица

Во последните 48 часа во северозападната сириска провинција Идлиб загинаа најмалку 96 лица во судирите меѓу опозициските сили и владината војска на Башар ал Асад, јави турскиот весник на англиски јазик Дејли Сабах.

Според сириската опсерваторија за човекови права, владините сили поддржани од руски борци се судрија со опозициските групи на неколку фронтови во југоисточниот дел на провинцијата Идлиб во текот на изминатите два дена.

Опсерваторијата, со седиште во Лондон, соопшти дека тоа е најголемото крвопролевање од моментот кога примирјето, посредувано од Русија, стапи во сила кон крајот на август.

Минатиот септември, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во зона за деескалација, каде што акти на агресија беа експлицитно забранети.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ