Во Ница уапсени тинејџерки поврзани со ИД

Две тинејџерки од Ница се уапсени на средината од месецов поради сомнеж дека се поврзани со припадникот на Исламска држава, Рачид Кашим, соопшти денеска канцеларијата на париското обвинителство.

Уапсените, кои се на возраст од 17 и 19 години, користеле кодирани пораки преку апликацијата „телеграм“ за комуникација со Кашим, кој е осомничен за повеќе напади или обиди за напади во Франција.

Како што соопшти полицијата, девојките биле поттикнувани да го одмаздат убиството на портпаролот на ИД, Абу Мухамед ал Аднан, извршувајќи напади врз одредени цели. Уапсените признале дека размислувале да учествуваат во напад пред да ја отфрлат идејата.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e