Во Мадрид илјадници луѓе протестираат заради климатските промени (ВИДЕО)

Повеќе илјади активисти од цел свет се собраа денес на улиците на Мадрид и Сантијаго, барајќи од светските лидери кои учествуваат на самитот COP 25 да преземат итни мерки против климатските промени.

Главниот протест се одвива на улиците на Мадрид за време на траењето на ОН конференцијата за климата COP 25 која во тој град се одржува од 2. до 13 декември.

На протестот „Соочен со климатската криза, светот се разбуди“ се приклучи и младата шведска активистка Грета Тунберг и шпанскиот актер Хавиер Бардем.

Тунберг која во 2018 на глобално ниво ги почна школските штрајкови за климата, стигна во Мадрид со ноќен воз.

Планетата сега е потопла за околу еден степен во однос на предисторискиот период. Но ако температурата продолжи да расте со ова темпо, заради емисијата на гасови со ефектот на стаклена градина, таргетот од 1,5 степен зацртан со Парискиот договор би бил постигнат меѓу 2030 и 2052 година.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e