Неколку десетици илјади граѓани вчера третпат излегоа на протест во Аргентина и ги блокираа патиштата во земјата.
Граѓаните протестираа против укинувањето на субвенциите, намалувањето на бројот на работните места и други мерки што ги воведоа владата и претседателот на државата, Маурисио Макри.
Претседателот Макри нагласи дека мерките се неопходни и мора да бидат воведени за да заживее економијата во земјата.
Организатори на протестите се аргентинските синдикати.