Њујорк е во состојба на готовност откако се случи експлозија во областа Челси во Менхетн, повредувајќи 29 луѓе, од кои еден сериозно.
Илјадници луѓе беа во една од најпопуларните области во Њујорк, позната по бројни кафетерии, ресторани, барови и ноќен живот, кога експлозијата одекна околу 8.30 часот навечер во саботата по локално време. Се претпоставува дека екплозијата потекнува од направа поставена во или блиску до контејнер. Нешто подоцна, во близина на експлозијата беше пронајдена втора импровизирана експлозивна направа, јавуваат од полицијата.
На луѓето што живееат во близина им се дадени инструкции да не се приближуваат до прозорците додека да заврши претрагата по други направи. Полицијата го чешла теренот со помош на специјализирани кучиња и ги проверува контејнерите. Неколку часа претходно, имаше експлозија во Њу Џерси на оддалеченост од околу 100 километри, која беше темпирана да прекине хуманитарна трка на маринци.
Бил де Блазио, њујоршкиот градоначалник, кажа дека експлозијата во Челси била „промислен чин“, но инсистираше дека нема веродостојна терористичка закана по градот и додаде дека нема поврзаност со експлозијата во Њу Џерси.
За поврзани вести продолжете надолу