Ужас во Хрватска: Ја оставил сопругата да умре во агонија

Полицијата во Хрватска во вторникот кај селото Медвиѓе пронашла тело на странска државјанка, чиј сопруг ја пријавил за исчезната. Телото било прегледано од судски вештак, кој не констатирал траги на насилство, а наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта- пишува Телеграф.рс.

Утврдено е дека се работи за полска државјанка (69) чие исчезнување било пријавено на 14 септември. Меѓутоа, по распитот, полицијата го уапсила нејзиниот 70-годишен сопруг, кој исто така е полски државјанин, поради сомнение дека на 13 септември во раните утрински часови во областа Бенковац ја оставил жената без помош во ситуации кои се опасни по нејзиниот живот и здравје.
Вечерњи лист неофицијално дознава дека Полјакот е осомничен дека ја оставил сопругата во тешко пристапно место и дека таа починала од смрзнување бидејќи и онака ѝ било нарушено здравјето. Полјакот кој ден подоцна ја пријавил исчезната сопруга, тврди дека сè било според договор со неговата сопруга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e