Туск: Мигрантската криза може да се реши само во соработка со Балканот

Предуслов за решавање на мигрантската криза е тесна соработка на ЕУ со нејзините партнери на Балканот, порача денеска во Виена претседателот на Европскиот совет Доналд Туск пред почетокот на Самитот „Мигрантската рута на Балканот“.

– Уште од првите денови на миграциската криза, немав сомнеж дека клучот за решавањето на кризата е во враќањето на ефикасната контрола на надворешните граници на Европската Унија. Очигледно, основен предуслов за постигнување на оваа цел е тесна соработка со нашите партнери на Балканот и во Турција – рече Туск.

Тој рече дека на самитот треба да се постигне договор „како да се подобри ефикасноста на дејствување“.

– Ние треба да потврдиме, како политички, така и во пракса, дека западно-балканската рута на нелегална миграција е засекогаш затворена. Ова е причината зошто јас сум среќен што канцеларот на Австрија, Кристијан Керн, презеде иницијатива и го организира овој состанок – додаде Доналд Туск.

На Самитот во Виена, присуствува македонскиот премиер Емир Димитриев, германската канцеларка Ангела Меркел, еврокомесарот за внатрешни работи и миграциски прашања Димитрис Аврамопулос, како и премиерите на Гриција, Словенија, Хрватска, Албанија, Унгарија, Бугарија, Србија и Романија, Алексис Ципрас Миро Церар, Тихомир Орешковиќ, Еди Рама, Виктор Орбан, Бојко Борисов, Александар Вучиќ и Дачијан Чолош.

Извор: Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e