Турција зазеде уште две курдски села

Турција во рамки на операцијата „Извор на мирот”, зазеде уште две курдски села во североисточниот дел на Сирија, јавува Анадолија.

Турската војска, заедно со сириски борци, ги зазедоа селата Тал Хафер и Асфар Неџар. Во последните два дена Турција зазеде 13 села во северна Сирија.

Турција соопшти дека планира да продре во Сирија 30 километри од границата за да ги сузбие курдските сили и да постави т.н. „зона на безбедност”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e