Трамп потпиша пакет буџетски закони за 2020 година вреден 1,4 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша пакетот буџетски закони за 2020 година, вреден 1,4 милијарди долари за да спречи блокада на Владата, изјави портпаролката на Белата куќа, Џуд Дир.

Според неа, Трамп ги потпишал буџетските закони во средата во претседателскиот авион на пат од Вашингтон кон Флорида, бидејќи било потребно тоа да го стори пред полноќ.

Потпишувањето е неопходно за да се спречи блокада на Владата откако Конгресот оваа недела го отфрли планот за трошење.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e