Трамп ја отворил душата: Се извинувам на Србите

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, јавно им се извинил на Србите за бомбардирањето во 1999. година.

“Морам, пред сè, да ви кажам дека бомбардирањето на Србите, кои беа наши сојузници во двете светски војни, беше голема грешка. Србите се многу добри луѓе. За жал, администрацијата на Клинтон им нанесе доста зло, но и на целиот Балкан, од кој направија хаос. И претходно им се извинував на Србите поради американската, а посебно Клинтоновата политика кон нив. Ќе ја зајакнам нашата врска со владата во Белград. Кога ќе ја преземам власта во земјата, целиот курс на американската надворешна политика ќе биде подобар од сега”, рекол Трамп.


Тој зборувал и за својата претседателска кампања, истакнувајќи дека не планира да го забави темпото.


“Мојата кампања е подобра од било кој републикански кандидат. Добив повеќе гласови за републиканска номинација од сите во историјата. И Демократската и Републиканската партија мора да сфатат дека не е лесно да започнете, но уште полошо е да сопрете. А јас, јас не планирам да сопрам”, заклучил Трамп во ексклузивното интервју за Nedeljnik.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e