Трамп: Google ми ја руинираше дебатата

Доналд Трамп го обвини пребарувачот Гугл и водителот на ТВ дебатата со Хилари Клинтон за лошото претставување. Веднаш по вербалниот дуел анкета на СНН покажа само 27% поддршка за кандидат-претседателот на републиканците против 62% за Клинтон.

На митингот во државата Висконсин , њујоршкиот милијардер најави дека пребарувачот влегол во слога со кампот на Хилари и ги манипулирал во нејзина корист уредувањето на резултатите од пребарувањето. Гугл ги потиснува негативните наслови за кандидатката на демократите, а ги вади напред позитивните.

Изворот на ова тврдење е блиската до Кремљ руска агенција “Спутник”, која објави таква информација недела пред дебатата, пренесе Си Ен Ен.

Трамп го обвини и водителот на ТВ дебатата Лестер Холт дека работел за Хилари и против него. “Тој беше многу поостар со мене отколку со г-ѓа Клинтон”, рече тој во интервју за Фокс ТВ. Во меѓувреме “Форбс” го процени личното богатство на кандидатот на републиканците за Белата куќа и утврди дека тоа се стопило со 800 милиони долари од 2015 година. Според списанието , богатството на магнатот, акумулирано главно од бизнис со недвижности, изнесува 3,7 милијарди долари. Загубата се должи главно на падот на пазарот во Њујорк.

На дебатата во понеделникот Трамп рече: “Јас имам огромен приход … Време е оваа земја да ја управува некој кој има идеја од парите.” Нова анкета на ТВ Ен Би Си покажа дека 27 отсто од жените во САД обликувале негативно мислење за Доналд Трамп по дебатата, а 30% изјавиле дека ги имаат подобрено своите впечатоци за Хилари Клинтон.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e