Трамп драстично го намали бројот на бегалци на кои им е дозволено да влезат во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, драматично го намали бројот на бегалци, на кои им е дозволено да влезат во САД, на 18.000 во тековната фискална година.

Смалувањето на бројот е „оправдан со хуманитарни причини или е во национален интерес“, стои во меморандумот кој Трамп го потпиша, а службата за јавност го дистрибуирала во петокот вечерта, пренесува Хина.

Според новата политика, бројот на луѓе од Ирак е ограничен на 4.000 и бројот на кој ќе им биде дозволен влез во САД од Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас е 1.500.

Останатите 12.500 остануваат за лицата кои стравуваат од прогонство поради своите верски уверувања, или се однесуваат на оние кои спаѓаат под Програмата за прием на бегалци од САД.

Тоа е најниската бројка од воведувањето на американската програма за бегалци во 1980 година.

Границата за последната фискална година беше 30.000 луѓе.

„Во срцето на надворешната политика на администрацијата на Трамп е заложбата за носење на одлуки засновани врз реалноста, односно желбата за постигнување на оптимални исходи, засновани врз конкретни факти“ изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Во 2016 година, последната година од мандатот на претседателот Барак Обама, скоро 85.000 бегалци беа во можност да влезат во САД.

Трамп го намали тој број во 2017 година на близу 53.000 бегалци, се вели во извештајот објавен од Министерството за домашна безбедност во март.

Владата на САД го објави својот план кон крајот на септември, велејќи дека новата граница ќе и овозможи на владата да одговори на исклучителните прашања на јужната граница, која беше прогласена за „критична“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e