Трагично заврши одморот за две семејства во Црна Гора: Се удави 36 годишен татко, детето и сопругата се спасени

Две лица се удавија во петокот вечерта во Будва и Бар, јавија денеска црногорските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Едно лице се удавило во градот Дробни Пијесак кај Будва, соопшти Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа (УПСУЛ), пренесува порталот ЦДМ. Удавеникот, како што се наведува во соопштението, бил извлечен од спасувачкиот чамец САР-5 заедно со екипажот на УПСУЛ и членови на Секторот за гранична полиција.

Претходно синоќа се удави и украинскиот државјанин О.Ј. (36) во морето кај Бар, пренесува порталот Бар инфо. Спасени биле сопругата и детето.

„Семејството на давеникот е спасено, благодарение на холандски државјанин кој скокнал во брановите за да им помогне, а потоа биле испратени во Општата болница во Бар за медицинска помош“, изјавија од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e