Страшен напад во Украина, загина 41 лице, се огласи Зеленски: „Руските ѓубриња ќе платат за ова“

Најмалку 41 лице загина, а 180 други се ранети во вторникот во руски ракетен напад врз украинскиот град Полтава, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски на видеото рече дека руските сили го погодиле градот со две балистички ракети, оштетувајќи ја зградата на Институтот за комуникации.

„Луѓето беа заробени под урнатините. Многумина беа спасени, но повеќе од 180 беа повредени. За жал, имаше многу жртви. Засега знаеме дека загинале 41 лице. Моето најдлабоко сочувство до сите нивни роднини и најблиски. Наредив целосна и брза истрага за сите околности на она што се случи. Во спасувачката операција се вклучени сите потребни служби. Благодарен сум на сите што помогнаа и спасија животи од првите моменти по ударот. Руските ѓубриња сигурно ќе платат за овој напад. Продолжуваме да ги повикуваме сите во светот кои имаат моќ да го запрат овој терор: на Украина и требаат системи за противвоздушна одбрана и ракети сега, а не во складиште. Далечни удари кои можат да не заштитат од рускиот терор се потребни сега, а не подоцна. Секој ден одложување, за жал, значи уште повеќе изгубени животи“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e