Српски опозиционери основаа движење: Желбата и намерата е да ја вратиме киднапираната држава

Почетокот на движењето „Метла 2020“ беше официјално означено во центарот Сава. ‘Рбетот на ова движење е Демократската партија на Србија, Групата за просперитет на Србија, Здружението „Тим за живот“, како и староседелците од Краљево.

Ги собра незадоволството од актуелната политичка сцена, а одлуката дали ќе учествуваат во претстојните парламентарни избори се уште не ја донеле, пренесе Н1.

Меѓу другото, тие сакаат да го променат начинот на кој српските граѓани ги избираат своите претставници, а називот „Метла“ го избрале затоа што сметаат дека треба „многу да се расчистува“.

На Движењето како независен член се придружи Претседателот на Српскиот воен синдикат, Новица Антиќ.

„Желбата и намерата е да ја вратиме киднапираната држава на народот и едноставно да ја исчистиме Србија од сите лоши работи што ни се случуваат последниве години“, рече Новица Антиќ.

„Со рушење на силата на политичките партии, ќе ги срушиме и политичките вработувања, партиските вработувања, влијанието врз медиумите, јавните работи, тендерите… Додека тоа не го направите, и најдобрата програма за економија, за социјална политика, нема да успееме да ја спроведеме. Тоа е првата и основна цел која мораме да ја направиме ако сакаме да оздравиме – да ја уредиме конечно земјата“, вели претседателот на ДПС, Милош Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e