Србија и ЕУ ќе потпишат договор за активностите на Фронтекс

Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос и претставници на српските власти денеска во Белград ќе потпишат договор за активностите на Европската агенција за контрола на надворешните ганици – Фронтекс во Србија.

Аврамопулос, кој денеска престојува во посета на Белград, во интервју за весникот „Блиц“, изјави дека со договорот ќе се овзможат активности на припадниците на Фронтекс за контрола на границите во соработка со српската полиција.

– Тоа ќе продонесе за поголема безбедност на надворешните граници на ЕУ и ќе овозможи подобра контрола на легалните миграции, истакнува Аврамопулос.

Тој во интервјуто посочува дека поптишувањето на договорот меѓу ЕУ и Србија следи по сличните спогодби за Фронтекс, што Унијата претходно ги склучи со Македонија и Албанија и во услови кога преговара за постигнување такви договори и со Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Аврамопулос најавува и дека во тек се преговори за изработка на заеднички акциски план меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан за борба против тероризмот.

Еврокомесарот посочува дека Србија ќе мора својата визна политика да ја усогласи со правилата на ЕУ, што, според него, ќе претставува важен елемент во намалување на илегалното преминување на границите.

– Важно е Србија да не одобрува визна либерализација на трети земји, за кои се смета дека претставуваат миграциска опасност и се ризик за безбедноста на сите нас, вели Аврамопулос во интервјуто.

Тој најавува и дека до крајот на годината Европската комисија ќе објави извештај за актуелната состојба и за напредокот во врска со безивизниот режим на сите држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e