Спасувач пронајден жив во рудникот во Сибир

Спасувачот што се водеше како исчезнат во операцијата во рудникот за јаглен „Листвјажнаја“, во руската област Кемерово, е пронајден жив.

„Нашиот спасувач Александар Заковрјашин е пронајден жив. Мислам дека ова е чудо што го направија нашите луѓе“, изјави за „Тасс“ вршителот на должност министер за вонредни ситуации на Русија, Александар Чупријан.

Заменик-државниот обвинител Дмитриј Демешин денеска изјави дека рударите претходно се пожалиле на високо ниво на метан во рудникот, но додаде дека е рано да се каже дали тоа довело до експлозија.

Како што истакна, истрагата ќе утврди дали има поврзаност помеѓу нивото на метанот и експлозијата. Тој претходно изјави дека е можно причина за несреќата да е експлозија на метан.

Според последните информации, вкупниот број на жртви во несреќата во рудникот е 57. Три лица, меѓу кои и директорот на рудникот, се уапсени поради наводни безбедносни нарушувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e