Спас од оваа беда и сиромаштија: Започнува лотаријата за „зелена карта“ во САД

Започна кампањата за поднесување на документи за иселенички визи  – “зелена карта” за 2018 година.

Од 12 часот напладне источно стандардно време, на 4 октомври 2016 година до 12 часот напладне источно стандардно време на 7 ноември 2016 година се поднесуваат електронските формулари за регистрација.

На адресата за пријавување https://macedonia.usembassy.gov/dvlottery.html , секој кандидат може да го пополни електронскиот формулар E-DV за учество во лотаријата .

Запомнете, нема такса за пополнување на електронскиот формулар за регистрација за учество.

Откако учесниците ќе добијат официјален број за потврда на регистрацијата, треба да го задржат истиот до 30 септември 2018 година зошто само преку него ќе можат да проверат дали се извлечени во лотарија DV-2017.

На адреса: http: //www.dvlottery.state.gov, по 2 мај 2016 година, секој ќе може да провери дали е избран за понатамошно учество.

Единственото плаќање е самата такса за виза, која се плаќа во Амбасадата на САД. Се друго кое може да ви стигне по електронска пошта или слично а во кое се наведуваат некакви плаќања е лажно.

Ви посакуваме среќа!

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e