Сирија возврати: Три проектили истрелани кон Турција

Три проектили истрелани од сириска територија паднаа во турскиот пограничен град Акчакале во округот Шанлаурфа, јави Си-Ен-Ен-Турк.

Се уште нема информации за жртви, предизвикана е само материјална штета врз неколку куќи во градот.

Проектилите биле истрелани ноќеска, неколку часа по почетокот на воената операција „Извор на мирот“ во северна Сирија насочена против курдските борци од Силите за заштита на народот.

Локалните власти на Акчакале објавија дека училиштата нема да работат до 14 октомври заради воената опоерација.

Во меѓувреме турските копнени единици денеска навлегоа во околината на сирискиот пограниечн град Тал Абјад. Според турски медиуми, турските сили воспоставиле контрола врз четири села – Табатин, Мешрефи, Бир Ашак и Хави. Движењето на турските сили кон Тал Абајад почна синоќа од четири позиции.

Според весникот „Милиет“, во моментот во градот Тал Абјад и околината не се забележани сириски курдски борци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e