Силен земјотрес ја погоди Грција

РегионСилен земјотрес ја погоди ГрцијаОбјавено пред 36 минути – 16 јануари, 2025Од М. Т. / Макфакс

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:19 часот, во регионот Додеканез, Грција.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,45 и географска должина 25,51.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 100 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e