Лидерката на шкотската Национална партија (СНП), Никола Старџен, рече дека ќе објави „демократско барање” за пренесување на власта од британскиот во шкотскиот парламент, за да се овозможи втор референдум за независност на Шкотска, подоцна оваа недела.
Таа го предупреди британскиот колега Борис Џонсон дека не може да ја задржи Шкотска во Обединетото Кралство против волјата на земјата. Старџен порача дека изборниот успех на нејзината Шкотска национална партија (СНП), која освои 49 од 59-те места во шкотскиот парламент, ѝ дава јасен мандат за одржување нов референдум за независност.
„Ако тој си мисли дека со тоа што кажа „не“ е крајот на дискусијата, тогаш тој греши. Не можете да ја држите Шкотска против нејзината волја. Доколку Обединетото Кралство продолжи да постои тоа може да биде само со согласност. И доколку Борис Џонсон е уверен во однос на обединувањето тогаш тој треба да биде доволно уверен за да го направи тоа и да им дозволи на луѓето да одлучат“ – истакна шкотската премиерка.
„Затоа оваа недела, во согласност со категоричниот изборен мандат – засилен уште еднаш в четврток – ќе објавам детално демократско барање за трансфер на власта од Вестминстер во овој парламент (Шкотска) за да се овозможи референдум за независност што е повеќе од оправдано “, рече Старџен.