Се проверува работењето на Салвини

Обвинителството на Сицилија го истражува поранешниот министер за внатрешни работи Матео Салвини заради забраната за еден хуманитарен брод летово да влезе во италијанските територијални води.

Италијанскикте медиуми пренесуваат дека Салвини е под истрага за грабнување и несовесно работење заради 20-дневниот спор со бродот, на кој се наоѓаа 164 мигранти.

Салвини, лидер на десничарската партија Лига, претходно одбегнуваше судења за слични работи бидејќи парламентот одбиваше да му го одземе мандатот додека беше министер.

Тој без функција остана во август, откако неговиот неуспешен обид да ја освои целата власт ја собори владата.

Обвинителството има две недели да одлучи дали случајот ќе му го упати на судот.

Салвани истрагата ја нарече фрлање пари на даночните обврзници и трошење на времето на луѓето од правосудството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ