Се преврте автобус: 29 лица повредени

Дваесет и девет лица се повредени, од кои четири се во критична состојба, откако денеска во регионот Сома, во Франција, се преврте автобус кој патувал од Париз за Лондон.

Според локалните медиуми, автобусот на компанијата „Фликс Бус“ со 32 патница се лизнал на влажниот автопат.

Во автобусот имало патници од САД, Австралија, Шпанија, Холандија, Романија, Русија, Велика Британија и Франција.

Седиштето на компанијата е во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e