Самитот за климата во Мадрид продолжува, нема решение на повидок

Самитот на Обединетите нации за климатските промени во Мадрид е продолжен за еден ден откако светските лидери во претходните два дена не успеаја да постигнат договор.

Претставничката на Чиле, Каролина Шмит, која претстедава со самитот, ги повика учесниците да покажат флексибилност, додека се обидуваат да постигнат компрмис за клучните мерки во борбата против климатските промени, пренесуваат светските агенции.

Таа кажа дека спогодбаата само што не е постигната, но дека исходот треба да биде амбициозен. Целта е владите до крајот на 2020 година да се обврзат на дополнителни намалувања на емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Европската унија и малите островски земји, посебно изложени на климатските промени, сакаат да се направи многу повеќе на тој план.

Некои од најголемите загадувачи, вклучувајќи ги САД, Бразил и Индија, меѓутоа, велат дека нема потреба од намалување на постојните планови.

-Од сите барам флексибилност, сила да се постигне амбициозен резултат, изјави Шмит, минисер за екологија на Чиле. Таа додаде и дека тоа што го бара е тешко, но е возможно.

Лидерите на 196 земји, кои се собраа во Мадрид, треба да се договорат за конечниот документ, за тоа како да се фијансираат сиромашните земји да ја ублажат штетата предивикана од климатските промени и правилата на пазарот на фосилни горива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ