САД: Пукање во трговски центар, убиени четири жени

Во градот Берлингтон во американската држава Вашингтон во петокот вечер имаше пукање во трговски центар, каде што загинаа четири лица од женски пол, а еден човек бил сериозно ранет, додека напаѓачите избегале од местото на настанот, соопшти полицијата.

Пукањето се случило околу 19:00 часот по локално време во трговскиот центар “Kaskejd” во Берлингтон, околу 105 километри северно од Сиетл, објави на Твитер Марк Френсис, портпарол на Државната патрола на Вашингтон, додавајќи дека спасувачите влегле во трговскиот центар за да им помогнат на повредените.

Според него, жртвите се погодени во продавницата за парфеми Мејсис, а мотивот за нападот се уште не е познат, пренесува АП.

Франсис вели дека полицијата активно трага по човекот кој ги застрелал и како што го опиша “Маж со потекло од Латинска Америка облечен во сива облека”, и дека последен пат бил виден како оди кон блиската крстосница.

Од државната патрола на Вашингтон за NBC News, изјавиле дека немаат индикации дека е ова терористички акт.

Пукање во државата Вашингтон, имаше пред помалку од една недела откако еден човек со нож нападна девет лица во еден трговски центар во центарот на Минесота пред да биде убиен, а ФБИ го истражува нападот како потенцијален терористички чин.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e