Рускиот парламент расправа за продолжување на воената спогодба со Сирија

Ратификацијата на спогодбата со Сирија е на дневен ред на рускиот парламент. Спогодбата ќе им овозможи на руските трупи неограничено да останат во оваа блискоисточна земја.

Како што јавуваат светските медиуми, пратениците од говорницата говореле во полза на договорот, што се оценува како знак за понатамошна поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад, кого Москва го поддржува за време на петгодишната граѓанска војна.

Гласањето за овој договор е предвидено за подоцна во текот на денешниот ден.

Спогодбата овозможува Русија да ги задржи силите што се наоѓаат во воздухопловната база Хемејмим, во сириската крајбрежна покраина Латакија, колку што сака.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e