Руски подарок за француската европратеничка Одри: Шампањ и слика од Путин (ВИДЕО)

Француската европратеничка Манон Обри од редовите на радикалната левица на Твитер објави какви подароци добива од лоби групите, посебно за време на новогодишните празници, еден од нив е подарок од руската амбасада во ЕУ: шише шампањско и портрет од Владимир Путин.

Пратеничката редовно објавува видео записи во кои ги презентира нејзините активности и ставови за нејзината работа во Европскиот Парламент. Овој пат записот е посветен на притисоците од лоби групите, приватни или државни, врз работата на европратениците.

Таа вели дека за време на новогодишните празници европратеници добиваат најголем број “подароци“.

Притисок врз пратениците, вели таа, прават “не многу препорачливи држави“, “апсурдни климатоскептични групи“, “мултинационални компании“, како и верски заедници и “секакви конспирационисти“.

Во записот таа го покажува шишето шампањско добиено од руската амбасада, кој редовно се обидува да влијае врз работата на европските пратеници.

-Владимир ни праќа шампањско! Не сум сигурна дека има исти намери кон неговите противници во Русија, извикува Обри во видеото.

Европратеничката во ова видео, иако со хумористичен тон, покренува едно од најчувствителните прашања за европските институции.

-Секаде има лоби групи во Европскиот Парламент, ако сакав ќе можев да јадам бесплатно наутро, ручек и вечера, вели Обри иронично и предлага од другата година да отвори “натпревар на најкреативните лобисти„ во европските институции.

Таа бара од нејзините следачи да и понудат идеи за разните категории и организацијата на овој натпревар.

Иако постои регистар за транспарентност за европските институции, тој не е обврзувачки. Конкретно тоа значи дека доколку една компанија не е регистрирана, нејзините претставници нема да можат да се сретнат со највисоките ешалони во Европската Комисија, но ништо не ги спречува да се сретнуваат со пониски ешалони. Што се однесува до европските пратеници, иако е препорачливо да не се сретнуваат со нерегистрирани лобисти, ништо не ги спречува тоа да го сторат. Конечно, регистарот на важи за Советот на ЕУ, второто одлучувачко тело на ЕУ каде се застапени земјите членки. 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e