Русите ги нападнаа Американците: Кој ќе одговара за Југославија?

Американците ги обвинија Русите за воени злосторства во Алепо, но кој ќе одговара за стотиците убиени цивили во Југославија, Авганистан, Ирак, Либија и Сирија, прашуваат од руското Министерство за надворешни работи.

„Американскиот државен секретар Џон Кери лицемерно ги обвини властите од Москва за злосторства во Сирија, но што е со злосторствата во земјите во кои што САД и нивните сојузници имаа повеќегодишно учество“, прашуваат од Москва.

Константин Долгов, функционер во Министерството за надворешни работи на Русија во одделот за човекови права, демократија и владеење на законите, остро одговори на обвинувањата кои што пристигнаа од американскиот државен секретар Џон Кери.

„Што е со воениот затвор во Гвантанамо – американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе го затвори тој затвор“, вели Долгов.

„За оние кои што учат руски јазик во администрацијата на американскиот претседател Обама постои една поговорка – „виновникот ќе се издаде сам“. А за срамот наречен Гвантанамо, воопшто не треба да се започне да се зборува“, вели Долгов, пренесуваат руските медиуми.

Шефот на американската дипломатија Џон Кери, неодамна ја обвини Русија, како и армијата на Сирија лојална на претседателот Башар Ал Асад, дека извршиле воени злосторства. Кери зборуваше за интензивните воздушни напади на руското и сириското воено воздухопловство во Алепо при што загинаа голем број на цивили.

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џон Кирби изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери не ги обвинил директно руските власти за сторени воени злосторства во Сирија, туку само инсистирал на отворање на истрага.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e