Најмалку седум лица, меѓу кои и ученици, се повредени кога вооружен маж денеска отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција – јавија локалните медиуми.
Мотивот за пукањето засега не е познат, пренесе ДПА.
Неидентификуван напаѓач рано утрово со пушка влегол во училиштето во областа Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, и почнал да пука по случаен избор, јави новинската агенција „Демирорен“.
Осомничениот се крие во училиштето и одбива да се предаде и покрај полициските предупредувања, се вели во извештајот. „Демирорен“ додава дека во тек се напори за негово убедување да им се предаде на властите.
Властите ја зголемија безбедноста на местото на настанот, а во училиштето се испратени и медицински екипи.
