Примирјето во Сирија на стаклени нозе

Прекинот на огнот на во Сирија е разнишан откако хуманитарен конвој беше цел на воздушен напад во кој загинаа најмалку 12 луѓе, повеќето возачи на камиони и работници на Црвената полумесечина. – пишува Дојче Веле.

Нападите се случија во понеделникот само неколку часа откако сириската армија објави крај на прекинот на огнот кој го договорија САД и Русија. САД соопштија дека се подготвени да го продолжат примирјето, а Русија, откако ги обвини бунтовниците за неговото прекршување, се согласи дека тоа може да биде спасено.

Се уште не е јасно кој стои зад нападот кој се случи на периферијата на Алепо. Во тој дел од земјата активни се летала на Русија и на Сирија, како и на сојузничката коалицијата предводена од САД.

ОН соопштија дека конвојот носел помош за 78 илјади луѓе во градот Урам ал Кубра, западно од Алепо. Во нападот биле уништени 18 од вкупно 31 камион како и складиштето на Црвената полумесечина. Координаторот за хуманитарна помош на ОН, Јан Егеланд изјави дека конвојот бил нападнат додека ја истоварувал хуманитарната помош во складиштето.

Во текот на ноќта, во нови напади врз Алепо, загинаа најмалку 20 цивили. Русија тврди дека биле нападнати и позициите на владините трупи во југоисточно Алепо.

Иако еднонеделното примирје е во опасност, и Москва и Вашингтон ставија до знаење дека сакаат да го спасат договорот кој донесе барем малку мир во уништената земја.

Целиот текст прочитајте го тука.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e