Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи дека ситуацијата е „прашање на живот и смрт“.
Градоначалничката на Тампа ги предупреди жителите да „бегаат или ќе умрат“.
„Можам да кажам без било каква драматизација, ако останете во областите кои се евакуираат, ќе умрете. Никогаш не го кажувам ова. Луѓето мора да одат“, рече градоначалничката.
Милтон носи екстремно силни ветрови до 250 км/ч откако ќе помине по северниот раб на полуостровот Јукатан во Мексико.
Се прогнозира дека невремето со полна сила ќе ја погоди густо населената област, заливот Тампа денеска, помалку од две недели откако ураганот Хелен веќе ја опустоши државата.
Жителите на Флорида добија совет да се подготват за најголемата евакуација во последните години.