Партијата Мост со максималистичките барања го отежнува формирањето на хрватската Влада

Седум министерски места, тврди во денешното издание весникот „Јутарњи лист“, ќе бара партијата Мост во преговорите за состав на новата хрватска Влада.

Од друга страна пак, победничката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) најави дека на Мост ќе му понудат четири ресори и местото потпретседател на Владата. Меѓутоа, извори од Мост велат дека нема да се согласат на ваквата понуда на ХДЗ, затоа што сега имаат еден пратеник повеќе во однос на претходниот парламентарен состав.

Иако, пред изборите од Мост тврдеа дека нема да се согласат лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ да ја води идната влада, сепак отстапиле од тоа нивно барање.

Според „Јутарњи лист“,  Мост ќе инсистира да го добие и местото претседател на Хрватскиот сабор.

Од Мост навестуваат преминување во опозиција доколку ХДЗ не ги прифати во целост нивните барања.

Но сепак, упатените коментираат дека сето ова е тактика за да на крај од преговорите ги добијат истите позиции кои ги имаа до сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e