Основачот на социјалната мрежа TikTok стана најбогатиот човек во Кина

Ко-основачот на „ByteDance“, матичната компанија на популарната социјална платформа TikTok, Џанг Јиминг (Zhang Yiming), стана најбогатиот човек во Кина, со пазарна вредност проценета на 49,3 милијарди долари.

Оваа сума претставува зголемување од 43 отсто во однос на минатата година, како што соопшти денеска кинескиот истражувачки институт Хурун.

Иако Jиминг поднесе оставка од ByteDance во 2021 година, се проценува дека тој сè уште поседува околу 20 отсто од компанијата, според Би-Би-Си. Џиминг е веќе 18-та личност која станала најбогата личност во Кина во последните 26 години, што го илустрира динамичниот развој на кинеската економија.
За споредба, во САД само четири лица стигнале до позицијата на најбогат човек во истиот период.

Според податоците на Институтот, само 30 отсто од луѓето на листата на кинески богаташи забележале зголемување на пазарната вредност оваа година, додека останатите забележале пад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e