Од 1 септември построги правила на аеродромите во земјите-членки на ЕУ

Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт.

Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар. Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила.

Безбедносните правила за течности и гелови првпат беа воведени во 2006 година. Правилата беа олеснети на некои аеродроми каде што багажот можеше да се провери со помош на скенери. Но, повторно воведувањето на поригорозни мерки е поради тоа што ЕУ се сомнева во веродостојноста на новите скенери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e