Обама: Сериозната работа да се биде претседател „не е за Трамп“

Американскиот претседател Барак Обама го оквалификувал републиканскиот кандидат Доналд Трамп како „шут и неинформиран“ откако тој изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин е „подобар лидер“ од Обама.

На брифинг со американските медиуми во Виентијан, главниот град на Лаос, каде престојува, Обама истакнал дека „секогаш кога зборува, станува се појасно дека кандидатот на републиканците (Трамп), не е квалификуван да биде претседател на САД“.

– Да се биде претседател е навистина сериозна работа, а тоа не е за него, рекол Обама.

Во една предизборна дебата со воените старешини и ветераните, пренесувана преку телевизија, Трамп повторно го возвишувал Путин, затоа што рускиот претседател „имал голема контрола во земјата“ и затоа што има поддршка од 82 отсто од руското население.

Обама во Виентијан учествува во работата на Самитот на земјите од АСЕАН, а претходно беше во Кина во рамки на годинешниот Самит на групата Г-20.

– Можам да кажам по серијата взаемни активности што ги имав во изминатите осум-девет денови со светските лидери, дека политиката е сериозен бизнис, им изјавил Обама на американаките медиуми.

Во дебатата на која Трамп повторно се воодушевувал од рускиот претседател, на прашање на водител на телевизијата Ен-Би-Си, републиканскиот кандидат се пофалил со комплиментот на Путин упатен кон него, дека е „брилијантен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e