Обама: САД ќе ги уништат терористите

Во пресрет на 15-годишнината од нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, Американскиот претседател Барак Обама ги повика денеска американците да останат обединети соочени со тероризмот.

– Во очите на терористите важен е начинот на кој ние одговараме. Не можеме да се предадеме на тие што сакаат да не поделат. Не можеме да реагираме на начин што ќе ги урне темелите на нашето општество, изјави Обама во своето редовно неделно радиско обраќање.

Обама осврнувајќи се на 11 септември, за кој рече дека е еден од најтемните во историјата на нацијата, изјави дека многу работи се променети во изминатите 15 години.

– Правдата го стигна Осама бин Ладен. Зајакната е безбедноста во нашата земја. Спречивме напади и спасувме многу животи, истакна Обама, предупредувајќи дека терористите ќе бидат уништени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e