Њујорк тајмс: Најмалку 650 милиони долари изнесуваат долговите на компаниите на Трамп

Истрагата на Њујорк тајмс за собирање податоци за имотот на милијардерот, а посебно за зградите со канцеларии и игралиштата за голф а за која ангажирал специјализирана агенција покажала дека покрај долгови од 650 милиони долари, голем дел од финансиската состојба на Трамп е врзана со три партнерства, кои на повеќе кредитори им должат вкупно две милијарди долари.

„Банк оф Чајна“, една од најголемите државни банки во Кина (земја која милијардерот редовно ја претставува како трговски партнер што треба да се потчини), како и „Голдман Сакс“, познатата инвестициска банка, која Трамп ја обвинува дека и помага на неговата соперничка Хилари Клинтон се најголемите кредитори на империјата на Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e