НАТО нема да учествува во борбите против ИД

НАТО нема да учествува во борбените операции во Сирија и во Ирак, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.

– Веќе почнавме да обучуваме ирачки офицери во Јордан, наскоро ќе почнеме со обуки и во Ирак, а почнуваме и со поддршка на меѓународните коалициски сили во борбата против Исламска држава, со извиднички авиони од типот „авакс“- рече Столтенберг.

Говорејќи за акциите на НАТО во Авганистан, тој рече дека алијансата верува дека е поважно да се обезбеди помош за Кабул и да се осигура безбедноста на земјата.

– Како што знаете, ние ги завршивме нашите борбени операции во Авганистан така што сега ги поддржуваме авганистанските сили – рече Столтенберг во Брисел.

Извор: Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e