Напаѓачот од Хале призна: Неговиот мотив бил антисемитизам

Напаѓачот кој го изврши нападот во средата во источногерманскиот град Хале, Стефан Бали, го признал двојното убиство, наведувајќи го екстремно десничарскиот и антисемитски поглед на светот како мотив, соопшти во петокот државното обвинителство Карлсруе, јави Хина.

„Бали во текот на повеќечасовното сослушање призна дека нападот во Хале го направил од радикално десничарски и антисемитски иницијативи“, соопшти Федералното државно обвинителство.

После сослушувањето во четвртокот вечерта, одреден му е притвор за двојно убиство и обид за убиство во девет случаи, јавува Al Jazeera Balkans.

Во текстот се наведува дека Федералното јавно обвинителство Карлсруе, кое ги презема случаите кај кој постои сомневање дека се работи на обид да се загрози германскиот уставен поредок, изнел детали за нападот што се случил во средата.

Според соопштението, Бали со изнајмен автомобил полн со оружје и „најмалку четири килограми експлозив“се упатил кон синагогата во центарот на Хале, со намера да изврши масакр, со оглед на тоа дека во тоа време имало повеќе од 50 верници кои го одбележувале еврејски празник. Јом кипур (Ден на покајание).

Откако не успеал да влезе во синагогата бидејќи вратата била заклучена, а не успеал ни да ја отвори со експлозив, Бали застрелал случаен минувач, а потоа се упатил кон блискиот турски угостителски објект во кои убил еден гостин.

Потоа, тој избегал со автомобилот накај северо-исток, но бил застанат во текот на потерата на автопатот.

Државното обвинителство соопштило дека бројот на жртвите ќе бил поголем, но оружјето на Бали во неколку наврати не било функционално.

фгдв

Сторителот својот „поход“ во живо го пренесувал на еден интернет портал, а се снимал со камера на кацигата која ја носел на главата.

Претседателката на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) и германски министер за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер се заложила за поостри безбедносни закани.

„Нападнати се нашата земја и нашиот внатрешен поредок“, истакнала Крамп-Каренбауер и додала дека треба да се разјаасни фактот дека синагогата во Хале не била добро заштитена на денот на нападот, за разлика од еврејските објекти во остатокот од Германија кои се под постојана заштита.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер (Христијанска социјална унија – ЦСУ) во четвртокот посочил дека чинот во Хале е „голем срам“ за Германија.

„Такво нешто по Втората светска војна не смее да се случи. Германија по холокаустот дала ветување „Никогаш повеќе““, нагласил Зехофер, најавувајќи поинтензивна заштита на еврејските објекти во Германија.

Како и неговиот сопартиец, баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман, ја обвини десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) за создавање реторика на омраза кон странците за вакви напади.

Германската канцеларка Ангела Меркел претходно изрази шокираност од нападот и солидарноста со еврејската заедница во Германија.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e