Најмалку една жртва и многу повредени во уривањето на дел од Железничката во Нови Сад

Дел од настрешницата на железничката станица во Нови Сад нешто пред 12 часот се урна. Репортерот на РТВ јавува дека има жртви и голем број повредени, а на терен се екипите на пожарникарите и итната помош.

Екипи на Брза помош и полиција се на терен, а според првичните информации најмалку едно лице починало, а има и други повредени.
Од итната помош велат дека во овој момент не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e