Нафтени и гасни постројки во Сирија нападнати со дронови

Во централна Сирија се извршени речиси истовремени напади врз три државни постројки за нафта и гас, соопшти денеска Министерството за нафта.

Државната телевизија објави дека нападите веројатно биле извршени од беспилотни летала и се случиле во исто време.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите, чија мета биле рафинеријата за нафта во градот Хомс и две постројки за природен гас во различни делови на провинцијата Хомс.

Министерството за нафта наведува дека во нападот се оштетени некои од производствените единици во централите.

Според државната телевизија, пожарот што избувнал во рафинеријата брзо бил ставен под контрола.

Сирија се соочи со недостиг на гориво претходно оваа година, поради западните санкции кои го блокираат увозот и поради тоа што повеќето нафтени полиња ги контролираат курдските борци на истокот.

Градот Хомс и неговите предградија се целосно контролирани од страна на сириските власти уште од 2017 година, но некои делови од провинцијата Хомс во близина на границата со Јордан сè уште се под контрола на бунтовниците.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e