НА ФИЛИПИНИ УШТЕ ЕДНА КАТАСТРОФА ОВАА ГОДИНА: 100.000 луѓе евакуирани заради тајфун (ВИДЕО)

Сто илјади лица се евакуирани од своите домови на Филипини заради тајфунот Камури, за кој се очекува утре да ги погоди најнаселените делови од земјата, меѓу нив и главниот град Манила, јави Си-Ен-Ен.

Се очекува тајфунот Камури, односно Тисој, како го викаат на Филипините, во вторник наутро, кога ќе пристигне на островот, ќе има сила која е еднаква на трета категорија на ураган и дека ќе го погоди најнаселениот остров Лузон, на југоистокот од земјата. Во пресрет на олујата филипинските власти од провинцијата Албај почнаа евакуација на 100.000 лица.

Се очекува на Лузон да наврнат од 20 до 30 сантиметри дожд.

-Мораме да ги евакуираме, а за оние жители кои се тврдоглави, наредив полицијата присилно да ги однесе во најблиските засолништа, изјави Ал Францис Бичара, гувернер на провинцијата Албај.

Тајфунот се движи со брзина од 150 километри на час, а се очекува дека може да достигне и бризина до 185 километри на час. Што се однесува на врнежите, се очекува во Лузон да наврнат од 20 до 30 сантиметри дожд, што ќе доведе до поплави. Најголемата брзина што ветрот може да ја достигне се проценува на 200 километри на час.

Во оделни делови на Филипини веќе е прогласен трет од петте степени на опасност, додека во Манила се уште е на сила вториот степен. Во најголем дел од земјата денеска е откажана наставата во училиштата, како и голем број летови.

Постои стравување дека тајфунот може да го наруши атлетското натпреварување „ Southeast Asian Games 2019“, што на  Филипини почна во саботата, а на кое учествуваат повеќе од 8.000 натпреварувачи од 11 земји.

Декември вообичаено е месецот што го означува крајот на сезоната на тајфуни на Филипините, така што овој тајфун е невообичаен за овој период од годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ