На црногорските протести приведен поранешен претседател на Општина Даниловград

Поранешниот претседател на Општината Даниловград во Црна Гора, Милодраг Кадиќ е приведен за време на граѓанските протести и блокади кои се случуваат низ целата држава откако беше усвоен Законот за слободна вероисповест.

Како што пренесува црногорскиот портал „Актуелно“, Кадиќ е идентификуван како организатор на јавниот собир каде што тој протестирал.

По кратка блокада на кружен тек во Спуж, каде и бил приведен екс претсдателот на Општина Даниловград во моментов сообраќајот се одвива нормално.

Кадиќ бил претседател на Општината од 1993 до 2002 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e