Могерини во вторник ќе ја има последната средба со лидерите од Западен Балкан

Во вторник шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ќе ја има последната средба, во форма на работна вечера, со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Работната вечера ќе се оддржи во Брисел, а на неа се повикани лидерите на сите шест западнобалкански држави, наведуваат извори од Европската комисија.

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ изјави дека ова ќе биде последен во низата неформални состаноци на високата претставничка на ЕУ со лидерите од регионот.

-Високата претставничка Могерини со лидерите ќе размени видувања за случувањата во регионот, ќе ги разгледа заедничките предизвици и ќе заокружи што се е направено во текот на нејзиниот мандат, изјави Коцијанчиќ.

Од ЕК најавуваат дека и претседателот на Комисијата во заминување Жан Клод Јункер, пред работната вечера, ќе има одвоени средби со неколкумина од западнобалканските лидери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e