Мароко поднесе официјално барање за приклучување кон Африканската унија (АУ) по 40 години, соопшија денеска од таа организација.
Мароко е единствената африканска земја која не е членка на таа организација која ја сочинуваат 54 држави.
Властите во Рабат ја напуштија организацијата во 1975 година поради спорот околу Запдна Сахара која АУ ја смета за независна држава, а Мароко за своја јужна провинција.
Членките на оваа АУ ќе бидат известени за барањето на Мароко, а потоа кралот на оваа држава ќе биде известен за одлуката.
За поврзани вести продолжете надолу