Крајбрежната стража во Либија пресретнала 150 мигранти кои се движеле кон Европа

Крајбрежната стража во Либија пресретнала околу 150 мигранти кои сакале да стигнат до европските средоземни држави. Мигрантите се вратени на брегот, а децата ќе бидат  префрлени во прифатен центар во главниот град на Либија, Триполи.

„Три големи гумени чамци со 1498 арапски и африкански мигарнти запрени се во близина на градовите Зуара и Сабрата. Меѓу мигрантите имаше 15 жени и 11 деца“, вели портпаролот Ајуб Гасим.

Стражата успева да улови голем број мигранти, но либија полека стана главна транзитна точка за мигрантите кои се движат кон Европа. Групите за заштита на човековите права ја обвинуваат либиската крајбрежна стража дека ги оставаат мигрантите на немилост на вооружените групи, под чија контрола се дел од мигрантските кампови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e