Косово да се врати на Србија, бара руски амбасадор

Рускиот амбасадор во Србија Александар Чепурин, изјави дека Косово е српска земја, лулка на Србија и нејзиното свето место и дека треба да се врати во правната и државната смисла на Србија во согласност со меѓународното право.

Тој во интервју за списанието на Московскиот државен институт за меѓународни односи на руското Министерство за надворешни работи, вели дека состојбата со Косово е истоветна како и со Крим, која е руска земја и која се врати во Русија.

„Постои Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 10 јуни 1999 година, според која Косово е дел од Србија и не постои друга меѓународна правна рамка“- истакнал Чепурин

Вели дека „самопрогласената псевдодржава Косово денес постои сама по себе и таа е одвоена од Србија со квазиграница“.

Србите компактно живеат на северот од Косово, во Косовска Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан, области кои на властите во Приштина практично им се недостапни, кажа Чепурин.

За официјалниот став на Русија за Косово, Чепурин објасни дека за ова постојат три моменти.

„Прво, ние не ја признаваме државата Косово и строго се придржуваме кон Резолуцијата 1244. Само Белград и Приштина можат да се согласат за статусот и степенот на автономија на таа покраина. Второ, оваа одлука мора да се донесе без дрскиот притисок од Запад врз Белград и трето ние ќе бидеме подготвени да помогнеме во потрагата по компромисот и одржливото решение“- кажа Чепурин.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги поддржи оние компромиси кои народот на Србија би ги сметал за прифатливи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e