Последните податоци на Европската конфедерација на синдикати покажуваат значителни разлики во висината на минималните плати меѓу земјите од Европската унија.
Минималната плата во Хрватска е 840 евра бруто месечно, што ја става на дното на скалата на ЕУ, пренесува „Seebiz“.
Земјите како Луксембург (2.571 евра), Германија (2.151 евра), Холандија (2.183 евра) и Ирска (2.146 евра) се издвојуваат со минимална плата над 2.000 евра, со што се обезбедува значително повисок стандард за нивните работници со најниски примања.
Во Франција таа сума е 1.767 евра, додека во Шпанија минималната плата е 1.323 евра. Од друга страна, Бугарија има најниска сума во рамките на ЕУ, каде минималната плата е само 477 евра.